Вештачење од областа на материјално, финансиско и сметководствено работење
Стручно вештачење и процена од областа на материјално, финансиско и сметководствено работење за судски, стопански, граѓански и работни спорови, со јасен наод, анализа и мислење засновано на документација.
Бизнис планови, инвестиции и финансиски анализи
Вештачење од областа на материјално, финансиско и сметководствено работење
За квалитетна, точна и објективна изработка на вешт наод и мислење, потребна е детална анализа на целокупната финансиска, сметководствена, договорна и судска документација доставена од странките.
Вештачењето од областа на материјалното, финансиското и сметководственото работење се заснова на проверливи податоци, релевантни документи и стручна анализа. Секој документ се разгледува во контекст на спорот, со цел да се утврдат точни побарувања, обврски, плаќања, салда, финансиски односи и евентуални неусогласености во евиденцијата.
Договори и анекси
Се анализираат договорите, анексите и деловната кореспонденција за да се утврдат преземените обврски, рокови, услови за плаќање и основот на спорното побарување.
Фактури и испратници
Се проверуваат фактури, профактури, испратници и поврзана продажна документација за утврдување на износ, основ на задолжување, рок на плаќање и евентуални неусогласености.
Банкарски изводи
Се врши преглед на банкарски изводи, уплати, исплати и платежни налози за да се утврди реалниот тек на паричните средства и состојбата на обврските.
Аналитички картици
Се анализираат аналитички картици, книжења и сметководствени записи за утврдување на салда, отворени ставки, побарувања, обврски и финансиски односи меѓу странките.
Главна книга и финансиски извештаи
Се разгледуваат главната книга, билансите и финансиските извештаи за да се добие целосен увид во сметководствената состојба и евидентираните деловни промени.
Плати и придонеси
Се проверуваат пресметки на плати, надоместоци, придонеси и други примања од работен однос за утврдување на евентуални неисплатени или спорни износи.
Материјално и магацинско работењеами
Се анализира документација поврзана со залихи, прием, издавање, движење и евиденција на материјали, стоки или производи во магацинско работење.
Судски списи и релевантна документација
Се прегледуваат судски списи и дополнителна документација доставена од странките, со цел вештачењето да биде целосно, аргументирано и усогласено со предметот на спорот.